Џони Деп издвоил десет милиони евра и купил палата во Венеција. Станува збор за градба од 17 век. Актерот палатата ја купил од арапскиот принц, а градба се наоѓа во близина на Големиот канал. Неопходна и е реставрација, но Џони се надева дека неговата куќа за одмор наскоро ќе биде готова.
Рекол дека обожава да шета по улиците на Венција кога се затворени за туристи. Додал дека го истражува овој град и се запознава со неговите духови и неговата поезија. Во градот за вљубил за време на снимањето на филмот „Турист“. Со оваа купопродажба тој го надополнил својот имот кој вклучува фарма во Франција, куќа на Хаваите, Куќа во Холивуд и остров на Бахамите.