Познатиот американски актер Џони Деп го купи островот Стронгили во Грција за 4,2 милиони евра, пренесуваат грчките медиуми. Островот се наоѓа во Егејското море и е со површина од 0,9 квадратни километри, а холивудската ѕвезда откупила имот на овој остров со површина од 0,2 квадратни киломeтри.
Наводно Деп го купил островот преку агенцијата „Прото организација“ од Велика Британија, која своевремено му помогна на Бред Пит и Анџелина Џоли да го купат својот остров во Јонското море. Познатиот актер треба да ја посети Грција кон крајот на јули. Да потсетиме, Џони Деп моментално во Австралија го снима новото продолжение од филмот „Пиратите од Карибите“.