Актерот Џони Деп и неговата вереница Амбер Хард очекуваат дете. Како што пишува списанието „ОК“, Амбер неодамна открила дека ќе стане мајка, а Џони бил пресреќен што ќе стане татко по трет пат. Парот кој неодамна се верил, наскоро планира и свадба, пред да се роди бебето. Среќната вест ја израдувала и болната мајка на Џони која повеќе пати истакнала како сака синот повторно да и се ожени и да добие уште едно дете пред таа да умре.
Младата Амбер е пресреќна што има поддршка од мајката на Деп, па и самата е спремна да се покаже во улогата на мајка. Извор близок до парот открива дека Амбер е спремна за тоа, а и Џони вели дека ова за него е нов почеток и нов живот. Деп, за кој ова ќе биде трето дете, од врската со ВАнеса Паради има две деца, девојчето Лили Роуз и синот Џек.