Познатиот холивудски пар Џони Деп и Амбер Херд, ќе се венча следната седмица на приватниот остров на популарниот актер на Бахамите. Деп и Амбер се во врска од 2012 година, а се вериле пред повеќе од година дена. Неодамна нивната врска западнала во криза, кога Амбер наводно го изневерила со колега од снимањето.
Меѓутоа, се чини дека актерот и неговата 23 година помлада избраничка ги изгладиле сите несогласувања, и конечно решиле да застанат на лудиот камен. Парот, како што наведуваат медиумите, ќе се венча на 7 или 8 февруари пред 50 гости на интимна церемонија на островот на Деп на Бахамите. На церемонијата ќе се присуствува семејството на невестата, како децата на Деп Лили Роуз и Џек, кои актерот ги доби од заедничката врска со Ванеса Паради.