Холивудскиот актер Џони Деп ќе глуми вампир во својот нов филм „Мрачни сенки“. Овој 48-годишен актер ќе го игра вампирот Барнбас Колинс во филмот кој ќе го режира Тим Бартон, чие дејство е засновано на истоимената популарна серија од шеесеттите години.

Филмот ги следи средбите на вампирот со чудовишта, вештерки, врколаци и други имагинарни суштества. Во филмот играат уште и Мишел Фајфер и Ева Грин, која глуми вештерка чие срце е скршено од страна на Барнабас и која од одмазда го претвора во вампир.