Џони Деп ја запросил Амбер Хард на нејзиниот 27 роденден. Актерката се согласила, а датумот за венчавката сеуште не го одредиле. Пријател на парот рекол дека поради неа се смирил, па дури и престанал да го пие својот омилен пијалак, вискито, бидејќи неа и сметал таквиот начин на живот. Тој навистина сакал брак со неа.


Амбер Хард признала дека била вљубена во Деп како тинејџерка. Ѕидовите на нејзината соба биле излепени со негови постери. Џони поради љубовта со Амбер Хард ја остави Ванеса Паради, со која беше во врска 14 години и со која има две деца.