Џони Деп одлучил да ја прекине долгогодишната врска со Ванеса, со која има две деца, тврди извор близок на холивудскиот актер. Тој наводно веќе контактирал адвокати да му помогнат околу распределбата на имотот. Тие во последно време постојано биле во кавга, па актерот рекол да стави точка на нивната 14-годишна врска.
Познатиот пар врската ја започнал во 1998 година. Ја имаат ќерката Лили Роуз, која има 21 година, и синот Џек, кој имал девет години. Со оглед на тоа дека се заедно долго време, странските медиуми прогнозираат дека Ванеса може да добие половина од имотот на Деп.