Славниот актер Џони Деп кој има 51 година во последно време често се појавува во јавноста во пијана состојба, а причина за неговите проблеми би можела да биде неговата млада вереница. Во Холивуд се шушка дека 28-годишната Амбер Хард и нејзиниот речиси двојно постар вереник се пред раскинување. Наводно не им се брзало со планирање на свадба иако се вериле само неколку месеци по врската.
Извор близок до паро за медиумите изјавил дека не планираат да се венчаат во блиска иднина. И Џони станал мрзелив а нивниот однос станал монотон. Амбер флертувала со многу мажи. Според изворот, таа всушност и не била спремна на сериозен брак.