Актерот Џони Деп и манекенката Амбер Хард, кои се заедно веќе четири години, од кои една во брак, наводно го чекаат првото заедничко дете. Џони престана да пуши во близина на сопругата, а таа избегнува да пие алкохол, вели извор близок до актерот. Џони и Амбер не сакаат да разговараат за бременоста додека не мине првото тромесечие.

 

Парот се венча во 2015 година, а Деп ги има ќерката Лили Роуз и синот Џек од врската со актерката Ванеса Паради. Ќерката Лили, велат пријателите, не е среќна бидејќи не се сложува со Амбер. Џони и Амбер се во врска од 2012 година, а се верија една година подоцна. Се венчаа на почетокот на 2015 година на приватниот остров на Деп.