Холивудскиот актер Џони Деп му се придружил во неделата ноќта на рок легендата Алис Купер на неговата свирка во еден лондонски клуб. Тоа се случило во клубот „100“, а заедно ги исполниле нумерите ”Another Brick In The Wall” и ”School’s Out”. Ова не било прво докажување на Деп во музиката бидејќи претходно бил помошен гитарист на една песна на бендот ”Oasis”, а свирел и на првиот соло албум на Шејн Мегован.
Во август 2010 година тој и пејачот на ‘Pearl Jam” Еди Ведер и се придружиле на Пети Смит на хуманитарниот концерт во Арканзас. Деп и Алис Купер се познаваат уште од 1984 година гога заедно глумеле во еден хорор филм. Алис Купер моментално се наоѓа на својата европска турнеја.