Актерот Џони Деп изјавил дека му се допаѓа музиката на тинејџерската поп сензација Џастин Бибер. Тој раскажал дека неговата ќерка Лили Роуз, која има 11 години, била голема обожавателка на Бибер. Со неговата музика ги заразила и Џони и неговата сопруга Ванеса Парадајс, како и нивниот син Џек. Деп додал дека Бибер е симпатично момче.


Бибер во неделата изненадно се појавил на конференцијата за новинарите на која Џони Деп го промовирал својот нов филм „Ранго“, кој во северноамериканските медиуми ќе се појави на 4 март. Кога на прашањето на новинарите Џони рекол дека Џастин му се допаѓа, тој се појавил во салата.