Славниот холивудски актер Џони Деп овие дена го стави на продажба својот преубав посед, односно неговото приватно село бо јужниот дел на Франција, кој содржи повеќе од 12 различни камени градби. Цената која актерот ја бара за овој имот изнесува 26 милиони долари. Сепак, доколку се погледне селото на Џони, тоа вреди за секоја пара. Во цената од 26 милиони се вкалкулирани намештајот, книгите, дисковите, уметничките дела и бројни други приватни предмети на овој славен холивудски актер. Имотот се простира на 37 хектари кои и купен е во 2001 година. Во стилот на капетан Џек Спароу, актерот во своето село вложи околу 10 милиони долари за реновирање, а имотото е изграден со употреба на природен камен и дрвени греди.

 

Селото има и мал плоштад каде се наоѓа и црква, која Деп ја претвори во куќа за гости. Идните сопственици ќе бидат воодушевени од местото бидејќи во него се наоѓа и ресторан со професионална кујна, како и гаража, кои изгледаат како локални продавници. Интересен е и фактот што Џони Деп сам работел на декорацијата на овој простор, што ги објаснува мотивите од Пиратите од Карибите, со черепи и шарени марами. Главната вила на овој имот има речиси 500 метри квадратни, со пет спални соби и пет тоалети, и посебно уметничко студио. Има и неколку колиби за потенцијални гости, како и прекиен вагон опремен со тоалет и кујна. Во селото има и два базени, како и теретана и скејт парк, а постои и сосем доволно простор за некои нови прилагодувања.