Холивудскиот заводник Џони Деп го покажа својот веренички прстен, потврдувајќи ги така гласините за веридбата со 27-годишната актерка Амбер Хард. Запрашан дали се верил, тој на конференција за медумите во Пекинг одговорил дека прстенот повеќе од очигледно го издава. Актерот подигнувајќи ја левата рака на која сјаел дијамантскиот прстен рекол дека повеќе е за девојки и не е баш суптилен.
Како што пренесуваат агенциите, Деп моментално се наоѓа во кинеската престолнина каде го промовира својот нов филм, научнофантастичната драма “Transcendence” во која глуми научник во терминална фаза на болест кој го даунлодира својот мозок во компјутер. Деп и Амбер за запознале во 2011 за време на снимањето на „Rum diary“, а после тоа Деп ја прекинал 14-годишната врска со француската актерка Ванеса Паради со која има две деца.