На Џони Деп не му било потребно многу време да закрепне од раскинувањето со својата сопатничка Ванеса Парадис. Утеха пронашол во бисексуалката Амбер Херд, која медиумите претходно ја прогласиле за главен виновник за раскинувањето на Ванеса и Деп.
Неименуван извор близок на актерот изјавил дека им било прекрасно и дека Деп се однесувал кон неа навистина добро. Друг извор потврдил дека Деп и купил на Амбер коњ како би му се придружила на јавање. Амбер неодамна ја раскинала својата врска со девојката Таша Ван Ри, а романтичната врска со Деп ја започнала на промоцијата на еден филм пред неколку месеци.