Американскиот актер Џон Траволта повторно е вмешан во геј скандал. Еден неименуван човек, за која единствено се знае дека е физиотерапевт, изјавил дека актерот му понудил пари во замена за секс. Тој и Траволта наводно стапиле во контакт преку интернет. Актерот потоа го одвел во хотел и му понудил 200 долари за да спие со него. Кога одбил, актерот станал упорен и дури предложил да повикаат уште еден човек.


Ова сведочење е само уште едно во низата гласини кои кружат низ Холивуд дека Џон Траволта е хомосексуалец и дека неговиот брак со Кели Престон, со која има три деца, е само параван. Пред две години Роберт Рендолф, автор на книга за помалку познати детали од животите на славните личности, открил дека Џон е само една од многуте холивудски ѕвезди кои ги кријат своите склоности кон истиот пол.