Актерот и пејач Џон Траволта рекол дека уживал глумејќи жена во мјузиклот „Лак за коса“ и дека за улогата воопшто не вежбал да чекори како жена. Рекол дека жените биле многу важни во неговиот живот. Не побарал помош ниту од сопругата кога се припремал за улогата. Пораснал окружен со жени и имал многу убави спомени.
Додал дека жените на кои им се восхитувал додека растел биле Софија Лорен, Мерлин Монро и Елизабет Тејлор. Доколку би имал гради и задник, како што имал во филмот „Лак за коса“, тој тоа би можел да го работи без никаков проблем. „Лак за коса“ е адаптација на бродвејскиот мјузикл од 1988 година.