Актерот, десетгодишната ќерка Ела и сопругата Кели Престон го оставиле приватниот авион на пистата во близина на нивната вила. Го замолиле работникот да ги прошета кучињата и отишле да го земат багажот. Меѓутоа ги дочекала многу тажна вест.
Невнимателниот возач на камионот кој служел за сервисирање на авионите ги прегазил кучињата, за кои Џон Траволта бил многу приврзан. Тој не ја коментирал несреќата. Во аеродромот истражуваат дали кучињата биле врзани или пуштени, и се надеваат дека филмската звезда нема да ги тужи.