Холивудскиот актер Џон Траволта и неговата сопруга Кели Престон потрошиле околу 30 000 евра на образованието за своите две кучиња.
Парот своите миленичиња ги испратил еден месец во камп за обука и дресирање, бидејќи сакаат да ги научат на убаво однесување, посебно бидејќи во домот имаат и бебе, новородениот син Бенџамин.


Новите миленичиња, актерот и неговата сопруга ги набавиле бидејќи сакаат децата да им пораснат во друштво на животни.
Минатата година нивните кучиња настрадале во несреќа, поточно биле прегазени од возило на аеродромската писта.