Додека повеќето луѓе купуваат авионски карти кога сакаат да отпатуваат на одмор, актерот Џон Траволта за своето семејство купува нов авион. Тој неодамна пазарил млазен авион Бомбардер Челинџер 601, како со своето семејство би можел да замине на пат околу светот.
Славниот актер признал дека неговата сопруга Кели Престон и ќерката Ела долго размислувале дали да вложат пари во новото летало.
Челинџерот е најголемиот и најскап авион кој Траволта досега го имал, а дозвола за летање добил кога имал само 23 години. Тој веќе полека ја подучува и својата ќерка како да управува со помали авиони. Изјавил дека толку многу сакал да лета, што направил писта веднаш покрај куќата како би можел да паркира пред влезот на својот дом.