Славниот актер Џон Траволта отпатувал во Сараево. Тој слетал на аеродромот во Загреб и со автомобил се упатил кон Сараево, каде ќе остане три дена. Актерот на својето патување вечерал на планината Власич.

Медиумите пренеле дека причината за неговата посета на Сараево е поврзана со снимњето на филмот “Killing Season”, чие снимање треба да започне на 16 јануари 2012 година. Во тој акционен филм партнер ќе му биде Роберт де Ниро. Сценарист на филмот е Еван Доерти, додека режисер ќе биде Марк Стивен Џонсон. Траволта бил сместен во центарот на Сараево, во хотелот Европа.