Актерот Џон Траволта ја оставил својата бремена сопруга сама и со својот Боинг 707 отпатувал во Австралија на прославата на авиокомпанијата Квантас. Инаку, актерот обожува авиони и се што има врска со летањето. Тој изјавил дека доколку сопругата добие породилни болки е спремен да одлета назад.
Бременоста на сопругата Кели Престон тече без проблеми, но сепак мора да биде внимателна поради своите 47 години. Парот приновата која ќе ја добие наскоро ја опишува како чудо. Исто така се одлучиле и за името. Синот ќе го викаат Бенџамин. Кели останала бремена една година откако нивниот син Џет почина од последици на болеста која ја добил додека бил на одмор на Бахамите.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com