Сопругата на актерот синчето го родила во болницата на Флорида,а породувањето поминало без потешкотии. Кели Престон и синчето, на кое му дале име Бенџамин, се чувствуваат добро. Момчето по породувањето тежело 3097 грама. Парот веќе ја има ќерката Ела Блу и целото семејство е пресреќно поради приновата.
За бременоста самите ја известиле јавноста. Биле пресреќни што таа конечно останала бремена бидејќи на тоа поле работеле неколку години. Бенџамин се родил две години откако парот го изгубил синот Џет кој за време на одморот на Бахамите доживеал напад и починал.