Сите големи натпревари во Англија се “резервирани“ за Вембли. Англиската репрезентација го отвори стадионот пред три години и од тогаш до сега се променати 11 тревници.

Капитенот на “сините“ Џон Тери жестоко ја критикуваше состојбата на тревникот на најпознатиот стадион во Англија.

– Теренот е нерамен, условите за игра се неприфатливи, едноставно го уништи доброто финале во ФА Купот. Ова е веројатно најлошиот терен, на кој сме играле во целата сезона.

Наредниот натпревар на Вембли ќе го одигра репрезентацијата Англија со Мексико.