Американскиот актер Џон Малкович покажал дека не е само одличен актер, туку и примерен граѓанин. Според странските медиуми, тој му го спасил животот на еден 77-годишен човек во Торонто, каде моментално настапува во една театарска претстава. Џон Малкович бил пред својот хотел и пушел кога го здогледал Џим Валпол, американски турист, како се сопнува и паѓа со раскрвавен врат.
Актерот без размислување му пришол на помош и со својата шарпа направил завој со намера да го запре крвавењето и да му помогне на човекот до доаѓањето на брзата помош. Повредениот турист, кој набрзо бил одведен во болница каде му биле ставени десет копци, подоцна изјавил дека не го препознал славниот актер веднаш, но ветил дека кога ќе се чувствува подобро ќе ги изгледа сите негови филмови. Потврдувајќи ја својата легендарна дискретност, Џон Малкович се оддалечил веднаш штом пристигнало амбулантното возило.