Американскиот актер Џон Малкович во новата американска серија “Crossbones” ќе го игра озлогласениот Црнобрад британки пират кој сеел страв во Карипското море во краток временски период од 1716 до 1718 година. Пишувањето на сценариото му било доверено на Нил Крос, авторот на успешната крим серија “Luter”.

Првата од десет епизоди на серијата, во продукција на американската ТВ мрежа NBC ќе биде емитувана следната година. Дејството на серијата е сместено во 1715 година на островот Њу Провиденс, на Бахамите, каде Едвард Тич, попознат под прекарот Црнобрадиот, владеел со група крадци, одпадници и морнари.