Криси Тејген и Џон Леџенд добија ќерка. Девојчето кое ќе се вика Луна Симон на свет дојде во четвртокот, но гордите родители веста со обожавателите на социјалните мрежи ја поделија дури денес. Долго очекувана принова пристигна во домот на 30-годишната манекенка и седум години постариот музичар. Девојчето при раѓањето било тешко три килограми. „Таа е овде! Луна Симон Стивенс, ние сме така заљубени во тебе! И многу се поспани!“, напиша гордата мајка на Инстаграм и приложи фотографија на која се податоците од тежината на бебето.
Сопругот на убавата Криси им се обрати на фановите преку Твитер. „Нашата нова љубов е овде!“, напиша во твитот Џон Роџер Стивенс, чие уметничко име е Џон Леџенд. Славниот пар долго посакуваше бебе. Минатата година манекенката отворено зборуваше за напорите кои ги вложија како би дошло до зачнување и откри дека на крајот морале да побараат помош од експерти за вонтелесно оплодување.