Со Оскар наградениот музичар Џон Леџенд и неговата сопруга Криси Тејген го чекаат своите прво дете. Веста за тоа дека приновата е на пат ја објавија на Инстаграм со црно-бела фотографија од нив двајца и коментар: „Бремени сме“. Во брачните води 36-годишниот пејач и 29-годишната манекенка запловија во 2013 година. Во коментар покрај фотографијата пишува и дека манекенката и Џон се многу восхитени што ја објавуваат нивната бременост.

 

Криси покрај другото напиша и дека веќе извесно време се обидуваа да добијат бебе. Не било лесно, но постојано се обидувале, бидејќи биле нестрпливи да го донесат на свет нивното прво дете и да го шират своето семејство. Биле многу возбудени и се заблагодаруваат за љубовта и убавите желби.