Модниот креатор кој пред само неколку седмици беше избркан од местото креативен директор на „Диор“, добил уште еден отказ, и тоа за прекинување на соработката во заедничката компанија која го носи неговото име – „Џон Галијано“.
Тој на почетокот на седмицава бил официјално отпуштен од компанијата, а а сега „Диор“ не планира да бара нов партнер. Бизнис неуспехот на еден од највлијателните дизајнери на денешнината започнал од неговите антисемитски навреди упатени кон еден пар со еврејско потекло.