Познатиот музичар Џон Бон Џови нема да настапува додека не ги реши семејните проблеми откако неодамна неговата ќерка се предозирала и завршила во притвор. Џон Бон Џови најпрво поради ураганот Сенди ги откажал концертите во Европа, а потоа неговата ќерка Стефани се предозирала, од што потполно бил шокиран.
Признал дека е во шок и рекол дека таа е негова миленичка. Додал дека ја воспитувал да биде чесна и добра, но сега се плаши дека некаде погрешил. На крајот изјавил дека нема да настапува додека не ги реши сите семејни проблеми.