Рок музичарот Џон Бон Џови отворил ресторан во кој посетителите ја плаќаат храната онолку колку што можат. Тој изјавил дека неговиот ресторан “Soul kitchen” има за цел да им помогне на гладните и сиромавите. На менито во неговиот ресторан во Њу Џерси нема цени, а гостите плаќаат колку што можат.
Во ресторанот можат да јадат и луѓето кои немаат пари, доколку се спремни да работат во ресторанот. Популарниот пејач, по потекло од Њу Џерси, рекол дека и самиот многу работи во ресторанот, но само миејќи садови бидејќи не бил вешт во готвењето. Ресторанот “Soul kitchen” бил отворен во поранешна продавница за авто делови, а финансиски бил помаган од хуманитарната фондација Џон Бон Џови.