Музичарот Џон Бон Џови, како и многу груги светски ѕвезди, божиќните празници ги минал со семејството во топлите краеви. Тој заедно со децата и сопругата Доротеја уживал на плажата во Сент Бартс.
Уживал и во спортовите на вода како би ја одржал својата кондиција која ќе му биде потребна за напорните музички настапи. Следното лето ќе настапува со својот бенд низ Европа, па можеби и ќе го видиме во нашите краеви.