Рок музичарот и филантроп Џон Бон Џови присуствувал во Филаделфија на отворањето на едно прифатилиште за млади бездомници. Тој преку својата добротворна фондација подарил три милиони долари за изградба на прифатилишта кои нудат привремено сместување на 20 млади лица на возраст од 18 до 21 година.


Музичарот планира да отвори и ресторан за сиромавите во кој тие ќе можат да платат според сопствените можности. Доколку во ресторанот би се хранеле лица без пари, тие ќе можат да се оддолжат со работа во кујната.