Рок пејачот Џон Бон Џови одлучил да го продаде својот стан во Њујорк по цена од 45 милиони долари. Станот се наоѓал во предградието Сохо на улицата Мерсер број 158. Луксузниот апартман се простирал на два ката и имал шест спални соби, шест тоалети, две кујни, три тераси и внатрешен лифт. Меѓутоа, Џон не бил приморан да го продаде станот, бидејќи неговото богатство било проценето на нешто помеѓу 2 и 3,5 милиони долари.
Пејачот исто така поседувал 15 хектари недвижности ви Њу Џерси, чија пазарна вредност изнесувала околу 22 милиони долари. Инаку бил активен и на полето на хуманитарната работа, па едно време работел во ресторан за сиромашни, а минатиот месец отворил хуманитарен ресторан во Њу Џерси.