Џокерот на Игор Штимац, Никица Јелавиќ навреме ќе се опорави од повредата за мундијалските квалификациски. Напаѓачот на “карамелите“ Јелавиќ повредата ја заработи на дуелот во Премиер Лига против Њукасл.

При обидот со лизгачки старт да постигне погодок Јелавиќ се удри директно во стативата по што настрада неговото колено. По деталните прегледи во тимот на Евертон докторите му дадоа зелено светло за полека враќање на терените.

Јелавиќ на првиот дуел помеѓу Хрватска и Македонија го постигна единствениот погодок кој на хрватите им донесе три бода.

Мх.П.