Холивудската ѕвезда Џоди Фостер изјавила дека нејзиниот следен режисерски проект ќе биде научнофантастичен филм . После режијата на драмата “The Beaver”, Џоди има намера да се сврти кон сосема поинаков жанр. Таа рекла дека сака да се проба во овој вид на филмови бидејќи во тој жанр доживеала голем успех како актерка.
И покрај нејзиниот ентузијазам, почетокот на новиот проект е сеуште многу далеку. Двојната добитничка на Оскар продолжува паралелно со режијата да се занимава и со глумата, иако неодамна изјавила дека размислувала за тоа да се откаже од актерството.