Американската актерка Џоди Фостер ќе може да додаде уште еден трофеј во својата колекција награди, и тоа Златен Глобус за животно дело. Имено, здружението на странски новинари во Холивуд соопштило дека популарната актерка наградата ќе ја добие на 70 свечено доделување на Златните глобуси на 13 јануари во Лос Анџелес.

Џоди Фостер во два наврати освојувала Златен Глобус, а воедно и Оскар во 1988 година за улогата на жртва на силувачи во филмот „Обвинета“ и 1991 година за улогата на детективка во психолошкиот трилер „кога јагнињата ќе стивнат“. Меѓу претходните добитници на оваа награда се Морган Фримен, Робер де Ниро, Стивен Спилберг и Барбара Стрејсенд.