Актерот Џо Манганијело ги демантирал шпекулациите во медиумите дека е во врска со холвудската актерка Деми Мур. Тој наводно бил виден како се забавува со актерката на премиерата на неговиот филм „That’s My Boy“ претходно оваа седмица. Актерот рекол дека само кратко разговарал со актерката во текот на забавата.
Кога еден новинар го запрашал за наводната романса, тој рекол дека тоа е 100 проценти невистина. Рекол дека ја сретнал на премиерата и дека можеби со неа разговарал три минути. Тој објаснил дека разговарал со неа затоа што Мур глумела стриптизета, а тој играл стрипер во новиот филм „Магичниот Мајк“.