Џиновска лигња била пронајдена пред неколку дена на плажата во Ла Арена, во Кантабрија. Необичниот примерок со огромни очи повеќе личел на некое митско суштество отколку на добро познатото животно кое не ретко се најдува и на нашите трпези.
Чудовиштето од морските длабочини било долго девет метри и тешко околу 180 килограми. Според извештаите на експертите, тоа бил примерок на „Architeuthis duxa“, најголемиот познат безрбетник на светот. Џиновската лигња привремено била сместена во кантабрискиот Музеј на море.