Џиновскиот крокодил кој го уловиле на Филипините одбива храна веќе шест дена, колку што не е на слобода. Еден од ловците кои го уловиле, Рони Самилер, рекол дека се забележуваат знаци на стрес кај крокодилот. Сепак тврди и дека не е невообичаено крокодилите да одбиваат храна неколку дена откако ќе бидат уловени. Исто така поголемиот број крокодили во дивина не јадат секој ден, а со оглед на големината на овој, би можел без храна да издржи и до шест месеци.
Крокодилот е подолг од шест метри и е потежок од еден тон, а се претпоставува дека има околу 50 години. Го ловеле повеќе од три седмици бидејќи мештаните биле уверени дека убил некои луѓе. Самилер, кој го прегледал крокодилот, изјавил дека во неговиот желудник не пронашол човечки остатоци, па бил организиран нов лов. Наводно уште еден џиновски крокодил бил забележан во близина.