Две илјади луѓе и се придружија на Јоко Оно во њујоршкиот Централ парк во обележувањето на роденденот на Џон Ленон и во обидот да го соборат рекордот во формирање најголем групен знак на мирот. Џон Ленон би наполнил 75 години, а неговата вдовица сакала да се обиде да ја организира најголемата човечка формација во облик на знакот на мирот.
Иако се појавија нешто повеќе од две илјади лица, за соборување на рекордот биле потребни околу пет илјади. Јоко Оно на Твитер им се заблагодари на сите што се појавија на настанот и им порача дека ги сака. Легендарниот пејач на „Битлси“ е убиен во 1980 година на влезот во својата зграда на Менхетн, близу Централ парк.