По 115 години заеднички живот во австриската зоолошка градина, две џиновски желки одлучиле секоја да тргне по својот пат. Биби Полди повеќе не живееле во ист кафез, а јавноста овој настан го окарактеризирала како „развод на најдолгиот брак во животинскиот свет“. Џиновските желки Биби и Полди, стари 115 години, пораснале заедно, а од зоолошката градина во Швајцарија заедно биле префрлени во австрискиот град Клагенфурт, каде 36 години делеле исти кафез. Меѓутоа, желките одненадеж станале незаинтересирани една за друга и станало очигледно дека повеќе не им се допаѓа престојот на исто место. Поради тоа вработените во зоолошката одлучиле да га разделат.
Директорката на зоолошката градина, Хелга Хап, изјавила дека се гледа дека повеќе не се поднесуваат, но никој не знаел поради што. Како што пренеле медиумите, „разводот“ бил предизвикан од женката Биби, која на Полди му одгризала дел од оклопот. Таа продолжила да го напаѓа се додека не го преместиле во друг кафез. На помош пришле и експертите за диви животни, како би се обиделе да го смират некогашниот пар, но немале успех. Не помогнала ниту исхраната богата со афродизијаци. Хелга додала дека многу ретко се случува животните да се разделат после толку години и се надевале дека ќе се помират.