Стотици љубители на тетрисот во саботата ноќта се забавуваа играјќи ја популарната игра на облакодер во Филаделфија. Сира центарот од 29 ката, со ЛЕД светла на стаклената фасада, обично навечер има геометриски шари. Меѓутоа, во саботата ноќта, огромни облици „паѓале“ од обете страни на кулата додека натпреварувачите со џојстици маневрирале каде да паднат. Тетрисот, кој го осмислил рускиот програмер Алексеј Пајитнов во 1984 година ги поттикнува играчите да ротираат и склопуваат облици во цели редови.

Синоќешниот настан започнал серија хепенинзи во рамките на Фили Тек седмицата, чија цел е, како што велат организаторите, да ги инспирираат луѓето да ги разгледаат можностите на технологијата. Тетрисот оваа година слави и 30 години и многумина го сметаат за отелотворение на елеганцијата и едноставноста на видео игрите, рекол професорот од Дрексел универзитетот Френк Ли кој го надгледувал синоќешниот настан.