Телескопот “Колосус“ би требало да биде двојно поголем од било кој што досега постои и би можел да сними знаци на живот на планети оддалечени дури 70 светлосни години, а ќе има и можност да детектира телесна топлина на евентуален вонземен облик на живот. Астрономите веруваат дека најдобар начин за потрага по вонземјани е токму преку детектирање на топлина која ја произведуваат другите цивилизации и тоа со помош на овој телескоп, чие производство веќе се планира.

Со големина од околу 75 метри, овој телескоп ќе има двојно поголема апаратура од било кој досега, а неговата цена ќе биде околу милијарда долари. Џеф Кун, дел од Колосос тимот и астроном од универзитетот за Астрономија од Хаваи, рекол дека доколку би имале инвеститор кој би ги обезбедил финансиите телескопот би бил готов за пет години.