Американските цариници на аеродром во Лос Анџелес заплениле пратка од неколку десетици џиновски африкански полжави кои се сметаат за гурмански деликатес во Нигерија, но и штеточини кои јадат и фасади на куќи. Од Лагос пристинале 67 вакви полжави. Секој е тежок околу еден килограм со куќарката и долг околу 15 сантиметри. Пратката била следена од документи во кои пишувало дека се наменети за исхрана, соопштила американската царина.
Пратката имала адреска и немало обид да се прошверцува во САД. Меѓутоа, по американските закони, за тие полжави постои забрана бидејќи се сметаат за големи штеточини кои претставуваат сериозна закана за земјоделството, околината и јавното здравје. Тие се инвазивна врста која се храни со големи количини на 500 врсти билки и лежат до 1200 јајца годишно. Освен тоа, овие полжави можат да носат паразити кои предизвикуваат менингитис.