Минувачите кои неодамна шетале на плажата Стиснон во Калифорнија имале можност да уживаат во необична глетка, односно околу нив летале џиновски балони од сапуница, со различни големини, ставени еден во друг. Автор на овие необични креации бил адвокатот Стерлинг Џонсон, а правењето балони од сапуница станала негова специјалност.
Тој открил дека неговата страст кон балоните настанала откако како волонтер работел во училиште со аутистични деца, Тој забележал едно девојче кое не се вклучувало ниту во една од активностите кои ги организирале. Кога во еден случај за да ги забавува децата почнал да прави балончиња од сапуница, нејзините очи засветкале и започнала да си игра со балоните.