Џиновска статуа на филмската икона Мерлин Монро пристигнала во Палм Спрингс, калифорниската туристичка оаза, сместена во пустината 160 километри источно од Лос Анџелес, и за една седмица ќе биде претставена на публиката. Според медиумите, статуата висока 8,5 метри и тешка 15,5 тона стигнала во понеделникот утрото во делови.
Скултпурата, дело на 80-годишниот скулптор Стјуарт Џонсон, еден од наследниците на империјата „Џонсон и Џонсон“, ја прикажува актерката во култната сцена од филмот „Седум години верност“, како стои на отворот за вентилација додека се обидува да го скроти разлетаниот фустан. Статуата претходно била изложена во Чикаго, а до Палм Спрингс патувала една седмица, а трошоците за превозот изнесувале 40 илјади долари.