На социјалните мрежи се појавила фотографија за која авторката тврди дека на неа е снимен моментот кога голема Кејп кобра, долга, како што рекла, неверојатно два метри, влегува во морето на плажата Хоут Беј во близина на Кејптаун. Големиот чудовишен влекач, кој обично расте најмногу од метар и половина, го забележала и снимила џогерката Џенис Вагнер. Наместо да побегне најбрзо што може, Џенис застанала и ја снимила фотографијата, која брзо станала хит на социјалните мрежи.

Иако за овој вид змии не е необично да влегуваат во вода, експертот за влекачи Шон Маклеод навел дека обично не растат толку големи. Вели дека во вода обично влегуваат кога ја менуваат кожата. Сакајќи да ги охрабри жителите во таа област, рекол дека змиите воглавно нема да нападнат човек освен ако не се чувствуваат загрозени. Кејп кобрите се автохтона врста на југот на Африка, може да се најдат во висорамнините на Лесото, и покрај реки и потоци.