Легендарниот музичар Џими Хендрикс бил прогласен за надобар гитарист во историјата, од страна на музичкото списание „Ролинг Стоун“. Листата од најдобрите десет ја составиле музички експерти и врвни гитаристи. Добитникот на Греми награди, гитаристот Том Морело, изјавил дека Џими Хендрикс ја изнел идејата за тоа што рок музиката се може. Тој манипулирал со гитарата, публиката и сцената.

Меѓу експертите кои го избирале најдобриот гитарист биле Лени Кравиц, Еди Ван Хејлен и Брајан Меј. На листата редоследно се нашле следниве гитаристи: Џими Хендрикс, Ерик клептон, Џими Пејџ, Кит Ричардс, Џеф Бек, Би Би Кинг, Чак Бери, Еди Ван Хејлен, Дуејн Олман и Пит Таунзенд.