Актерот Џим Кери во слободно време се занимава со сликање. Сепак, оваа седмица отишол еден чекор понапред и наместо четка за сликање во раката сел автолак и спреј. Така во својата гаража почнал да црта голем графит. Откако што нацртал слика на дрво со необични бои и украси, додал и необични иницијали „Ф.Ф.Ц.“.


Минатата седмица Џим објавил и необично видео на Јутјуб во кое и изјавува љубов на Еми Стоун која имала 22 години, а подоцна на твитер објавил дека видеото е шега, но додал дека доколку бил помлад би и се додворувал, но сепак бил престар за неа. Блиските пријатели се загрижени за Џим, бидејќи во последно време неговите шеги често ги преминуваат границите на разумноста.