Американскиот комичар Џим Кери ќе ја толкува главната улога во трилерот “True Crimes” на режисерот Александрос Авранас. Филмот моментално се снима во Краков, а е заснован врз статија на Дејвид Гран објавена во весникот „Њу Јоркер“ во 2008 година. Во филмот прикажано е криминалното минато на Полска во кое нерешеното убиство на еден бизнисмен ја крена на нозе полската јавност.

Инаку, ова не е прв пат комичарот да се најде на мрачната страна на седмата уметност, а „Шоуто на Труман“ е секако пример дека Кери освен за комедија има исклучителен талент и за драма. Во “True Crimes” играат и неколку полкси ѕвезди, Агата Кулеша, Маја Осташевска и Роберт Венкевиц.